Во експлозија на бомба загинаа 8 полицајци во Авганистан

Авганистанските локални власти соопштија дека осум полицајци загинале во експлозија на бомба поставена покрај пат во покраината Логар. Полицајците биле на заедничка патрола со НАТО силите кога нивното возило експлодирало. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.