Саудиска Арабија-пет лица починале од нов вирус

Министерството за здравство на Саудиска Арабија соопшти денеска дека пет лица починале од нов вирус во изминатите неколку дена. Според нив, вирусот е сличен на САРС, вирус кој во источна Азија се појави пред 10 години. Во соопштението е наведено дека има уште двајца заболени пациенти кои се наоѓаат на интензивна нега. Сите жртви биле од покраината Ахса.