Сиријските сили во офанзива во Хомс

Сиријските трупи, лојални на претседателот Башар Ал Асад, биле во офанзива против бунтовниците во западниот град Хомс, јавија активисти, додавајки дека центарот на градот веќе бил под контрола на про-владините сили. Трупите на Асад се обидувале да ги истиснат бунтовниците и од другите делови на градот, кои беа под нивна контрола повеќе од една година. Градот Хомс, трет по големина во Сирија, беше место на најжестоките борби меѓу владините сили и бунтовниците во двегодишниот конфликт, во кој досега загинале над 70.000 луѓе.