Полицијата ја спречи Златна Зора да дели храна само на Грци

Грчката полиција изутрината употребила солзавец на плоштадот Синтагма во Атина за ги спречи припадниците на неофашистичката партија „Златна зора“ да ја организираат акцијата за делење храна „Само на Грци“. Градоначалникот на Атина Јоргос Каминис побара од министерот за јавен ред Никос Дендиас силите за спроведување на законите да интервенираат и да ја спречат партијата да ја спроведе акцијата. Каминис истакна дека нема да дозволи да се одржи настан што поттикнува омраза.
Сепак, членови на„Златна зора“ дошле на плоштадот два часа пред предвиденото верме и почнале да делат храна, по што интервенирала полицијата.