Протести во Бангладеш за 1 мај

Зградата која се урна на прериферијата на Дака во Бангладеш

Илјадници луѓе протестираа денеска во Бангладеш во знак на 1 мај меѓународниот ден на трудот и поради уривањето на една фабрика. Повеќе од 400 лица загинаа во несреќата на периферијата на Дака. Демонстрантите бараат подобри услови за работа и сопственикот на зградата да биде казнет. Протести беа одржани и во други делови на Азија.