Дачиќ: спогодбата со Приштина ќе биде применета

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека спогодбата за нормализација на односите со Приштина ќе биде применета и покрај тоа што србите од северот на Косово не ја прифаќаат. „Владата на Србија нема зошто да преговара. Решивме да ја прифатиме спогодбата и ќе ја спроведеме. Косовските срби не мора да ја поддржуваат“, рече тој за телевизијата „Пинк“, додавајќи дека ни тие веќе не биле за референдум, бидејќи знаеле оти мнозинството срби ќе ја прифатиле спогодбата.