НАСА ќе и плаќа повеќе на Русија за пренос на астронаути

Американската агенција НАСА ќе и плаќа на Русија повеќе за пренесување американски астронуати на Меѓународната вселенска станица. За транспорт на шестмина астронаути во текот на 2016 и 2017 година НАСА ќе и плати на Руската вселенска агенција 424 милиони долари. Тоа е за над 30 милиони долари повеќе од сегашната цена. НАСА се потпира врз руските ракети Сојуз за пренос на нејзини астронаути во Вселенската станица откако ги прекина летовите на спејсшатлите.