Иран, Ирак, Пакистан ги кршат религиозните слободи

Иран, Ирак, Пакистан, Узбекистан, Таџикистан и Туркменистан се меѓу земјите кои најмногу ги кршат религиозните слободи. Во извештајот на американската комисија за меѓународна религиозна слобода за 2013 година е наведено дека состојбата во земјите треба да биде нотирана како сериозно загрижувачка од страна на американските власти. Тоа ќе им овозможи на САД да воведат ембарго и други рестрикции во земјите.