Иванов се сретна со албанскиот шеф на дипломатија

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов денеска оствари средба со албанскиот министер за надворешни работи Алдо Бумчи. Според соопштението на средбата било изразено задоволство од нивото на билатералните односи меѓу двете земји и од заемната определба за натамошно јакнење на пријателството и градење добрососедски односи низ отворен дијалог. Двајцата соговорници констатирале дека односите меѓу двете земји во континуитет бележат позитивен развој, а политичкиот дијалог на сите нивоа е континуиран и плоден.
Во контекст на европските и евроатлантските интеграции, претседателот Иванов и министерот Бумчи констатирале дека соработката и заемната поддршка треба да продолжи, како и дека евроинтеграцијата на државите од Западен Балкан е од суштинско значење за регионалната стабилност и развој.