Жерновски-празна е касата на Центар

Новиот градоначалник на скопската општина Центар Андреј Жерновски

Новиот градоначалник на Центар Андреј Жерновски денеска изјави дека буџетот на општината е потрошен. Тој за таквата состојба го обвини неговиот претходник Владимир Тодоровиќ. Според него, најбогатата општина во касата има нула денари средства.
Жерновски порача дека очекуваниот прилив до крајот на годината е 350 милиони денари, а иста е и бројката на преземени обврски. Со земените кредити, како што изјави тој, за двете катни гаражи во висина од 5 и пол милиони евра, потрошен е уште еден буџет.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира дека новиот градоначалник секој ден си создава алиби затоа што не знае како да ја води општината. Според соопштението, Жерновски ниту еднаш не понудил реален концепт и реално остварлива програма. Од ВМРО ДПМНЕ порачуваат дека Жерновски се занимава со „глупости, зборува за опструкции, рушења, дислокации и мораториуми наместо да се зафати со решавање на потребите на граѓаните на Центар и да изгради нешто“.