Папата ги повика Израел и Палестина да донесат храбри одлуки

Папата Франческо денеска ги повика Израел и Палестина да продолжат со преговорите. Папата по средбата со израелскиот претседател Шимон Перез на Израел и Палестина им порача дека треба да донесат храбри одлуки и со поддршката од меѓународната заедница можат да постигнат договор со кој ќе бидат почитувани легитимните аспирации на двата народа што ќе придонесе за мир и стабилност на целиот регион.