Попоски-предлогот на Нимиц нема рок

Македонски министер за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски изјави денеска дека нема рок за одговор на последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, оценувајќи ги како шпекулации пишувањата на грчките медиуми дека до 5 мај Скопје и Атина треба да му достават одговор на посредникот на ОН. Попоски по средбата со неговиот албански колега Алдо Бумчи порача дека има комуникација со Нимиц, која сака да се придвижи процесот, што е во интерес и на Македонија.
Според него, властите сакаат да имаат отворен дијалог со јужниот сосед и доколку таква посветеност видат и во Атина тогаш сликата за евроатланските интеграции би била подобра.