Џафери: владата има заеднички став за името

Целата Влада има заеднички став за разговорите за името. Свесни сме дека таа пречка треба да се надмине, да се отвори патот кон интеграција во Европската унија и НАТО, изјави вицепремиерот Муса Џафери, кој ќе го придружува лидерот на ДУИ Aли Ахмети кој е во посета на САД.
За жал, сите се убедивме дека без некое решение нема да се отвори патот и треба сите да инвестираме и да се надеваме дека ќе најдеме некој добар компромис, изјави вицепремиерот Џафери кој не одговори дали тој и Ахмети ќе се сретнат со медијаторот во разговорите Метју Нимиц.