Албанскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

На покана од македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во официјална посета на Република Македонија престојува шефот на албанската дипломатија Алдо Бумчи.

Се очекува двајцата министри да разменат мислења за билатералните односи и можностите за натамошен развој, како и за заедничката соработка во контекст на ЕУ, НАТО и соработката на регионален план.

За време на посетата, министерот Бумчи ќе се сретне и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието Трајко Вељановски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими