Холандија ќе добие крал

Холандската кралица Беатрикс.

Холандската кралица Беатрикс денеска и официјално ќе абдицира во корист на нејзиниот најстар син Вилем Александер. Кралицата која има 75 години беше носител на круната цели 33 години. На официјалната церемонија ќе има 2000 посетители, меѓу кои и британскиот принц Чарлс и јапонската принцеза Мосако. Во Амстердам пак се очекуваат повеќе од еден милион посетители, а за редот и мирот ќе се грижат 10 илјади униформирани полицајци и околу 3 илјади во цивилка.