ОН-пристапот во Сирија клучен за истрагата за хемиски напади

Жртва на хемиски напад во градот Алепо во Сирија

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави денеска дека истражителите ги собираат и анализираат информациите за наводните хемиски напади во Сирија, но според него потребен е пристап во земјата за кредибилитетна анализа. Прашањето за наводните хемиски напади на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад е критичен фактор кој може да довде до вмешаност на САД и другите западни земји во цивилната војна во Сирија. Асад го блокираше пристапот на тимот на ОН кој во Кипар чека дозвола да отпатува за Сирија.