Осудени обвинетите за нелегални трансплантации во Медикус

Основниот суд во Приштина денеска го осуди сопственикот на клиниката „Медикус“ Љутфи Дервиша и уште четворица обвинети за нелегална трансплантација на органи, додека двајца ослободи. Дервиша е осуден на осум години затвор, а неговиот син Арбан на седум години и три месеци.
На клиниката извршени се околу 30 нелегални трансплантации на бубрег. На сиромашни луѓе од Турција, Русија, Молдавија и Казахстан им било лажно ветувано дека ќе добијат до 15.000 евра за бубрег, кој потоа бил продавам на богати пациенти, кои плаќале над 70.000 евра за трансплантација во болницата.