Шефот на албанската дипломатија во посета на Македонија

На покана од македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, денеска и утре во официјална посета на Македонија ќе престојува шефот на албанската дипломатија Алдо Бумчи. Се очекува министрите Попоски и Бумчи да разменат мислења за билатералните односи и можностите за нивен натамошен развој, како и за заедничката соработка во контекст на ЕУ, НАТО и на регионален план.
За време на посетата, како што најави МНР, министерот Бумчи ќе биде примен од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, од претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, како и од потпретседателот на Владата, Фатмир Бесими.