Сиријскиот премиер преживеал атентат

Сиријската државна телевизија јави дека премиерот Ваел Ал Халки избегнал, како што тврди, терористички напад во главниот град Дамаск. Според извештајот, конвојот возила во кој бил и премиерот, бил цел на бомбашки напад и оти имало и жртви. Фотограф на Франс прес изјави дека неколку возила биле уништени. Во последниве месеци во Дамаск имаше серија експлозии во кои стотици луѓе беа убиени или повредени, а сиријската влада тври дека се одговорни муслимански екстремисти. Сиријскиот конфликт започна со мирни анти-владини протести во март 2011-та, по што прерасна во граѓанска војна во која досега загинале над 70 илјади луѓе.