Протести во Дака поради трагедијата и лошите услови за работа

Спасувачките екипи започнале со тешка механизација да ги расчистуваат урнатините од зградата во главниот град на Бангладеш. Дака, откако нема веќе надеж дека би можело да има преживеани. Најмалку 380 луѓе загинаа кога во минатата недела се урна 8-катницата во која имало неколку текстилни фабрики. Стотици луѓе сеуште се водат како изчезнати, па се страхува дека бројот на настрадани ќе биде многу поголем. Неколку луѓе, вклучувајки го и сопственикот на објектот се уапсени. Илјадници работници протестираа денеска во Дака поради трагедијата и лошите услови за работа.