Либија: протести против приврзаниците на Гадафи

Премиерот на Либија изјави дека неговата влада е „цврста и решителна“ откако вооружени лица го опкружија Министерството за надворешни работи повикувајќи да им се забрани работа на службените лица кои работеле за поранешниот диктатор Моамер Гадафи. Вооружените групи се обиделе да влезат во министерството и во новинската агенција. Премиерот Али Заидан изјави дека таквите напади нема да ја поколебаат владата. Во неделниот протест се бараше да се тргнат приврзаници на Гадафи од високи владини позиции.