Ромпуј го поздрави формирањето на италијанската влада

Претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпуј

Претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпуј денеска го поздрави формирањето на новата италијанска влада и го повика премиерот Енрико Лета да продолжи со спроведувањето на реформите кои ги започна неговиот претходник Марио Монти. Ромпуј порача дека е сигурен оти Лета ќе даде нов елан со кој ќе се обезбеди политичка стабилност на Италија.
Според него, италијанската влада ќе има поддршка од сите европски институции во спроведувањето на реформите кои ги започна земјата, неопходни за економски раст, за нови вработувања и за јавните финансии.