Вучиќ за прашањата на референдумот за Косово

Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ

Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ изјави денеска дека на претставниците на Србите во Северно Косово им рекол дека е подготвен на евентуалниот референдум прашањето да биде во нивна корист и да гласи „Дали сте за бриселскиот договор или не“
. Но тој напомена дека не го прифаќа предлогот прашањето да биде „Дали Косово треба да биде во Србија или не“, како и тоа дека одбил да учествува во кампањата за прифаќање на бриселскиот договор со Приштина доколку референдумот навистина биде распишан.