Вооружена група опколила министерство во Либија

Прославата на годишнината од соборувањето на режимот на Моамер Гадафи во Либија

Вооружена група го опколила министерството за надворешни работи на Либија. Тие бараат лицата кои работеле за режимот на соборениот лидер Моамер Гадафи да им биде забрането да работат во новата администрација. Сведоци соопштија дека околу 30 возила од кои некои вооружени ја опколиле зградата на министерството во Триполи.
Војската соопшти дека во тек се преговорите и дека никој не влегол во зградата. Гадафи беше соборен во 2001 година, при што бунтовниците го заробија и убија.