Бомбашки напад во Авганистан, три жртви

Талибанците убиле тројца полицајци во Авганистан во напад, кој како што соопштија е почеток на нивната пролетна офанзива. Полицијата соопшти дека бил нападнат полициски конвој со бомба поставена покрај патот и која била активирана со далечински управувач.
Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот и соопштија дека нивните милитанти ќе се инфилтрираат во непријателските сили за да извршат внатрешни напади.