Хоспитализиран претседателот на Алжир

Алжирскиот претседател Абделазиз Боутефлика

Алжирскиот претседател Абделазиз Боутефлика е префрлен во Франција каде ќе му бидат извршени медицински тестови откако доживеа мал мозочен удар. Здравјето на 76 годишниот Боутефлика е значајно за да се одржи стабилноста во извозно нафтената земја која има 37 милиони жители и која е во долгогодишен конфликт со исламистичките бунтовници.
Тој на функцијата беше избран во 1999 година и е дел од генерацијата на лидери кои ја водат земјата од нејзината независност од Франција.