Четворица војници на НАТО загинаа во Авганистан

Четворица војници на НАТО загинале кога нивниот авион се урнал во јужниот дел на Авганистан. Според алијансата, кога се случила несреќата во покраината Забуле не биле забележани активности на бунтовниците.
Локалните власти соопштија дека причината за несреќата може да биде лошото време.