Серија бомбашки напади во Пакистан пред изборите

Бомбашките напади во Пакистан продолжуваат пред одржувањето на парламентарните избори во наредниот месец. Локална полиција соопшти дека најмалку 4 лица загинале, а 20 биле повредени кога експлодирала бомба пред канцеларијата на независен кандидат во градот Кохат.
Четири лица загинале, а 40 биле повредени во два оделни бомбашки напади чија цел им биле митинзите во градот Карачи. Се уште никој не преземa одговорност за нападите.