Продолжува истрагата за нападите во Бостон

Зубеидад Царнаева, мајка на обвинетите за бомбашките напади во Бостон, Тамерлан и Џохар

Агентите на ФБИ го претресуваат теренот во близина на Универзитетот на Масачусетс Дортмут каде што студира единствениот преживеан, 19-годишниот студент, Џохар Царнаев.кој емигрирал во САД како дете и е обвинет за заговор за терористичкиот напад заедно со неговиот постар брат. Царнаев ќе се соочи со смртна казна или доживотен затвор доколку биде осуден . Инспекторите исто така открија дека мајката на терористите, Зубеидат Царнаева била ставена на терористичка листа во 2011 година, заедно со Тамерлан.