Петмина притворени за урнатата фабрика во Дака

Полицијата во Бангладеш притвори пет лица за поврзаност со лошо конструираната фабрика во која што загинаа 340 лица. Во нив се вклучени директорот на фабриката и сопругата на сопственикот кој сеуште се крие. Спассувачките екипи во Дака продолжија да ги извлекуваат мртвите тела и веруваат дека 15 мина се сеуште живи. Осумкатната зграда се урна на 24 април при што големи блокови од бетон се урнаа врз речиси 3000 работници.