Косовските Срби ќе организираат протест во Белград на 10 мај

Претставници на Србите во северно Косово објавија дека на 10 мај во Белград ќе организираат протест под паролата „Остануваме во Србија“, во знак на отпор против договорот постигнат во Брисел меѓу Србија и Косово.
Претседателот на општина Зубин Поток Славиша Ристиќ изјави дека протестот е надпартиски а че учествуваат и претставници на Српската православна црква.
„Главна цел на митингот е да покажеме дека Косово не е за продажба и не треба да биде продавано, независно од социјалните и економските околности во земјата, како и дека не е вистина оти мнозинството Срби мислат дека Косово треба да биде продадено за ништо“, рече Ристиќ.