Растат штедните влогови во Хрватска

Во Хрватска расте штедењето пари на граѓаните на орочените депозити и наспроти кризата, така што за еден месец се штедат над милијарда куни.
Кон крајот на февруари, граѓаните на Хрватска имаа орочени 141,8 милијарди куни, а еден месец порано, околу 140,9 милијарди. Во однос на минатата година, вкупниот износ на штедење е зголемен за 7,4 милијарди куни.
Во 2011 година месечно се штеделе околу 640 милиони куни, додека во првите два месеци во 2013 година заштедени се над две милијарди куни.