Осомничениот за нападот во Бостон пренесен во затвор

Осомничениот за бомбашкиот напад на маратонската трка во Бостон Џохар Царнаев бил пренесен од болницата каде што бил третиран по здобиените рани во медицинскиот оддел на затворот Форт Девенс, Масачусетс. Тој и неговиот постар брат Тамерлан кој загина во престрелка со полицијата се осомничени за бомбашкиот напад во Бостон на 15 април кога три лица загинаа, а најмалку 260 беа ранети. Вчера градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг изјави дека бил информиран од ФБИ оти браќата Цараневи планирале да извршат сличен напад и во Менхетен.