Српскиот парламент за договорот со Приштина

Српскиот парламент денеска треба да гласа за договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово што во минатата недела во Брисел беше постигнат со посредство на Европската унија. Косовскиот парламент договорот го одобри на 21 овој месец. Според него, србите на северот на Косово ќе имаат проширена локална автономија во замена за признавање на централната власт во Приштина. Косовските срби соопштија дека не го прифаќаат договорот.