Расизмот во Грција во пораст

Во текот на минатата година во Грција се регистрирани над 150 случаи на расно мотивирани напади, при што во најголемиот дел од нив биле вклучени членови на неонацистичката партија Златна зора, се наведува во извештај на Мрежата за следење на расистичкото насилство во земјата. Мрежата регистрирала дека цел на нападите главно биле странци. Во поголемиот борј случаи била употребена физичка сила, а при неколку напади насилниците користеле и оружје.