Отворен македонски почесен конзулат во Тусон, Аризона

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Тусон, Аризона, отвори почесен конзулат на Македонија. Иванов ја продолжува посетата на САД, со престој во Феникс, каде што ќе одржи предавање на државниот универзитет на Аризона, а ќе учествува и на форумот Седона, собир на високи политички и бизнис претставници на САД, на кој годинава присуствуваат и поканети лидери од Источна Европа. На форумот, под покровителство на водечкиот републикански сенатор од Аризона Џон Мекејн, ќе учествува и потпретседателот Џо Бајден.