Во најбрз рок курдските бунтовници ќе се повлечат од Турција

Прослава на курдската нова година во Турција

Лидерот на военото крило на Работничката партија на Курдистан Мурат Карајалан објави денеска дека курдските бунтовници ќе почнат да се повлекуваат од Турција во северен Ирак за мирно решавање на курдскиот конфликт. Според него, по преземените подготовки, повлекувањето ќе почне на 5 мај и ќе заврши во најкус рок. Карајалан ја дал изјавата на прес конференција организирана на планината Кандил во северен Ирак.