Истрагата за трговија со органи во Косово ќе заврши во 2014

Српскиот премиер Ивица Дачиќ

Меѓународната истрага за наводниот шверц со човечки органи за време на конфликтот во Косово ќе заврши во 2014 година. Тоа во Белград го најави американскиот обвинител Џон Клинт Вилијамсон кој е одреден од ЕУ да биде шеф на истрагата.
Тој по средбата со српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека биле извршени разговори со над 100 сведоци. Дачиќ ја потврдил поддршката на Србија за истрагата.