Жерновски со мораториум и ревизија на „Скопје 2014“

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, денеска потпиша мораториум на сите градби, исплати и соработки на оваа скопска општина со фирмите поврзани со мегапроектот „Скопје 2014“ и најави целосна ревизија за овој проект.
Тоа, како што објасни Жерновски, значи замрзнување на сите формално-правни активности за согласностите и финансиите и за сè што треба да се реализира додека не се увиди фактичката состојба. Последните настани во Центар, вели Жерновски, наликуваат на времето кога ЈНА се селеше од Македонија.

„Јас денеска дадов налог да ги посетат сите места, а службите добија задачи да се провери целата ситуација за реновирањето на зградата на ВМРО-ДПМНЕ, за фасадата на владата, и да се види каква е состојбата и каква е инволвираноста на минатото раководство и за сè ќе биде информирана јавноста“,

изјави новиот градоначалник на Центар.