Николиќ се извини за масакрот во Сребреница

Српскиот претседател Томислав Николиќ

Српскиот претседател Томислав Николиќ се извини за улогата на земјата во маскарот на околу 8000 илјади босански муслимани во Сребреница во 1995 година. Во интервју за боснаската национална телевизија Николиќ побара прошка за злосторствата извршени во Сребреница. Но, тој додаде дека треба да се докаже дали имало геноцид.
Босанскиот лидер Бакир Изетбеговиќ за време на средбата со Николиќ на 23 април во Белград повика Србија да се соочи со Сребреница за двете земји да можат да одат напред.