Царнаев бил на листата на ЦИА 18 месеци пред нападот во Бостон

Американски преставници изјавија дека осомничениот за бомбашките напади на бостонскиот маратон бил ставен во дата базата на ЦИА 18 месеци пред смрстоносниот напад на 15 април. Во двојна експлозија тогаш загинаа 3, а беа ранети над 260 луѓе.
Анонимни извори наведуваат дека и Еф Би Ај го истражувала 26 годишниот Темерлан Царнаев, но не нашла докази за евентаулна закана. ЦИА го ставила на листата откако во септември 2011 била контактирана од руските разузнавачки служби.
Ова во САД отвора прашање зошто Царнаев, кој беше убиен, не бил подложен на натамошни истраги. Неговиот 19 годишен брат Џохар е обвинет за тероризам и користење на оружје за масовно уништување.