Ирак - борби за контрола на градот Сулеиман Беик

Хавиџа

Во тек се борби меѓу ирачките сили и сунитите за контрола врз градот Сулеиман Беик, кој се наоѓа 160 километри од Багдад.
Според новинските агенции, нападот на вооружените сунити бил мотивиран од одмазда поради нападот врз демонстрантите во Хавиџа кои протестираат против владата предводена од шиитското мнозинство.
Се јавува дека во Сулеман Беик биле убиени пет војници а над 30 луѓе биле ранети.