Белград и Приштина ќе го претстават договорот за нормализација на односите

Работни групи на Белград, Приштина и Европската Комисија ќе се состанат денеска во Брисел за да го разгледаат планот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, постигнат на 19 април.
Во Белград е соопштено дека Акцискиот тим на владата на Србија задолжен за примена на договорот со Косово ќе го претстави планот.
На чело на косовскиот тим е заменик- премиерот Хајредин Кучи.