„Левандовски шоу“ во Дортмунд

Роберт Левандовски го постигнува четвртиот гол

Фудбалерите на Борусија во Дортмунд високо го совладаа Реал од Мадрид со 4:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Сите 4 гола за „милионерите“ ги постигна полскиот интернационалец Роберт Левандовски, а единствениот погодок за „кралевите“ беше дело на Кристијано Роналдо, со кој резултатот беше изедначен на 1:1. Реванш натпреварот ќе се игра во идната недела.
Да потсетиме, и Барселона си оди од Германија со полна мрежа голови. Баерн од Минхен завчера ги победи Каталонците со 4:0, па вкупниот скор од германско-шпанскиот дуел е 8:1.