Карзаи се сретна со Кери и со пакистански претставници

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, американскиот државен секретар Џон Кери и пакистанскиот шеф на армијата Ашфак Кајани

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска во Брисел оствари средба со пакистанскиот шеф на армијата и министер за надворешни работи Ашфак Кајани, чиј домаќин беше американскиот државен секретар Џон Кери. Целта на средбата беше да се обноват врските меѓу Кабул и Исламабад по неодамнешните тензии околу границата и неупсехот на мировниот процес.
Кери говорејќи на почетокот на средбата изјави дека Авганистан се наоѓа во критичен период на трансформација и дека се надева на продуктивна серија разговори.