Косово ќе ја реализира бриселската спогодба за 90 дена

Косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи

Косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи изјави денеска дека владата има намера да ја реализира бриселската спогодба во рок од 90 дена. Според него, до крајот на јуни ќе се видат и првите конкретни резултати како што се расформирање на илегалните безбедносни сили на Србија на северот на Косово.
Кучи во изјава за приштинскиот дневен весник Коха Диторе рече дека и илегалните структури на правосудството ќе се интегрираат во правосудниот систем на Косово.