Прв пад на профитот на Ејпл во изминатава декада

Технолошкиот гигант „Ејпл“ соопшти дека во првиот квартал од годинава забележал пад на профитот што е за прв пат во изминативе десет години. Нето добивката од продажбата на ајфон, ајпед, ајпод и Мекинтонш компјутери изнесувала 9 ипол милијарди долари. Во истиот период лани „Ејпл“ забележал добивка од 11 ипол милијaрди долари. Аналитачрите велат дека тоа било поради се поголемата конкурентност на другите производители на смартфони.