ХРВ и АИ со критики за Русија

Хјуман рајтс воч и Амнести интернешнал денеска остро го критикуваа падот на индивидуалните слободи во Русија откако Владимир Путин се врати на функцијата шеф на државата во минатата година. Во нивните извештаи тие наведуваат дека се одвива постојан напад врз човековите права и граѓанското општество во таа земја. Исто така се критикува и употребата на сила при справување со демонстрантите против власта. Хјуман рајтс воч ја истакнува и легислативата со која невладините организации кои прифаќаат странски фондови треба да се регистрираат како странски агенти.