Министерот Попоски во работна посета на Германија

Гидо Вестервеле, Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски од денеска престојува во дводневна работна посета на Германија. Предвидено е тој да оствари средби со шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле, со претставници од Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, како и со пратеници во Бундестагот. На овие средби, како што е соопштено во Скопје, Попоски ќе ги пренесол македонските очекувања за поддршка од Германија за донесување на одлука за почеток на пристапните преговори на претстојниот Самит на ЕУ во јуни оваа година.