Американски истражни органи во Дагестан

Зубеидат Царнаева

Американски претставници во Макачкала, главниот град на Дагестан, се сретнале со мајката на осомничените за бомбашкиот напад на маратонот во Бостон, Тамерлан и Џохар Царнаев. Средбата се одржала во локалниот штаб на Руската федерална безбедносна служба. Американската амбасада во Москва потврди дека американски истражни органи биле во Дагестан. Исто така се дознава дека тие разговарале и со таткото на осомничените Анзор против кого било покренато обвинение. При нападот во Бостон загинаа три лица, а околу 270 беа ранети. Неколку денови потоа Тамерлан беше убиен во престрелка со полицијата, а Џохар уапсен.